Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека поради националната безбедност, не сака САД да соработуваат со кинеската технолошка компанија „Хуавеј“, дури и доколку администрацијата одлучи да го продолжи грејс-периодот за таа компанија.
Западните медиуми очекуваат американскиот оддел за трговија да ги одложи санкциите за „Хуавеј“, со што ќе биде дозволено фирмата да купува ресурси од американските компании за да може да ги сервисира постојните купувачи.
Привремената дозвола за „Хуавеј“ ќе биде продолжена уште 90 дена.
Трамп вчера нагласи дека не сака да соработува со „Хуавеј“ од безбедносни причини потенцирајќи дека некои помали делови од работењето на компанијата би можеле да бидат исклучени од забраната, но, како што рече, и тоа ќе биде комплицирано.