British Airways почна да тестира VR опрема која патниците ќе можат да ја користат за време на летот, а првите парчиња опрема се поставени во авионите кои што летаат од лондонскиот аеродром „Хитроу“ до американскиот JFK.
Станува збор за најлуксузните летови, а клиентите до крајот на годината ќе имаат пристап и до 3Д кино и ќе можат да гледаат содржини во 2Д, 3Д и 360 формат. Уредите доаѓаат од VR компанијата SkyLights и имаат можност за прилагодување на положбата во која се наоѓа корисникот, па тие кои што ќе го спуштат седиштето до лежечка позиција, исто така ќе можат да користат VR.
На корисниците ќе им се нуди и терапевтски VR искуства, како медитација, како и терапии со звук кои што се специјално создадени за патниците кои што се плашат од летање.
British Airways инаку не е првата компанија која што на своите патници им понуди забава во VR формат. Претходно тоа го сторија Quantas во 2015. и Alaska Airlines во 2018. година.
Извор: PC Press.rs