Познатиот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо објави уште едно истражување, кое овој пат се однесува на паметните часовници Apple Watch Series 5. Според неговите наводи, новите Apple часовници ќе бидат претставени оваа есен.

Доколку Куо е во право, петтата генерација на паметниот часовник на Apple би можел да дебитира заедно со iPhone 11, во текот на презентацијата која најверојатно ќе се одржи на 10. септември во Apple Park во Купертино.

Apple Watch Series 5, како и неговите наследници, ќе почнат да користат дисплеи од компанијата JDI. Панелите на јапонскиот производител ќе ги сочинуваат 15-20 проценти од сите нарачки во 2019. година, а ќе се зголемат на 70 до 80 отсто до 2021. година.

Куо истакнува дека новиот Apple Watch ќе има нов дизајн со керамичко куќиште, но не е познато дали ова ќе се однесува на сите модели или само на еден. Apple Watch Series 6 следната година ќе имплементира microLED дислеи.