Според истражувањата на американските и кинеските астрономи постои можност Јупитер, во раниот период од Сончевиот систем да се судрил со планета која во тој период сè уште била во фаза на развој.

Во текстот објавен на страницата „phys.org“, астрономите од американскиот Универзитет Rice и Универзитетот Sun Yat-sen од Кина, дошле до сознание дека џиновскиот судир пред околу 4.5 милијарди години би можел да ги објасни најновите забелешки за извидничкиот сателит „Јуно“, кој НАСА го лансираше кон Јупитер.

Андреа Исел од Универзитето Rice и кинескиот астроном Шанг-Феи Лиу на илјада компјутерски симулации основани на вчитувањата на сателитот „Јуно“ откриле дека јадрото на Јупитер е со помала густина и ширина отколку што се верувало.

Воочено е дека Јупитер има помалку од 40 отсто шанси во првите неколку милиони години да проголтал ембрионална планета со маса 10-пати поголема од Земјата.

Спомнатото истражување објавено е во магазинот „Nature“.

НАСА во 2011-та година лансирала сателит „Јуно“, а од јули 2016-та година траат истражувањата од овој сателит на планетата Јупитер.