Со внимателно користење и одржување на преносниот компјутер, може верно да ве служи со години…
Треба да ги избегнувате овие десет работи за да му го продолжите работниот век на вашиот лаптоп.
1. Избегнувајте прегревање
Високите температури се смртен непријател за вашиот уред. Доколку дозволите да се прегрее, ги загрозувате осетливите компоненти како процесорот и батеријата. Затоа избегнувајте да го користите вашиот лаптоп на меки површини (кревет, перница…) кои би можеле да го блокираат протокот на воздух во уредот и така да настане прегревање. Идеално е лаптопот да се користи на рамни цврсти површини подалеку од извори на топлина.
2. Внимателно ракувајте
Иако се релативно издржливи, лаптопите се сепак скапи уреди со многу осетлива електроника со која треба внимателно да се ракува. Избегнувајте да го подигнувате или држите вашиот уред за екран, не го отворајте и затворајте насилно, не го користете како подлога за пијалаци и не правете нагли и груби движења додека го користите.
3. Не празнете ја батеријата до крај
Батериите кај лаптопите не се вечни, обично после 2 години користење нивниот капацитет опаѓа. Тоа е невозможно да се избегне, но тој процес можете да го успорите доколку внимателно постапувате со батеријата. Идеално е никогаш да не ја испразните до потполност вашата батерија и секогаш да ја одржувате полна над 40 проценти. Не секогаш ќе можете да го практикувате ова но правете го кога можете, сепак помага.
4. Не си играјте со струјата
Лаптопот користи солидна количина на електрична енергија и е осетлив на нагли промени во напонот од мрежата. Поголемиот дел лаптопи имаат вградено некаква заштита, но доколку имате некој скап уред не е препорачливо да се потпрете само на таа заштита. Постојат стабилизатори на напон кои се приклучуваат во штекерот а потоа полначот од лаптопот во нив, тие се вистинската опција да го заштитите вашиот уред.
5. Внимавајте на кабелот
Кабелот со кој се напојува вашиот преносен компјутер е најважниот дел од неговата пропратна опрема. Каблите се обично цврсти но невнимателно користење, превиткување, тегнење, може да предизвика проблеми со напонот на вашиот уред, а во најлоши случаеви и пожар.
6. Не губете време на непотребно одржување
Не инсталирајте непотребни апликации кои наводно го чистат или ја убрзуваат работата на вашиот лаптоп. Ваквите апликации можеби имаа смисла во времето на „Windows XP“ но во модерните оперативни системи обично ваквите алатки се веќе имплементирани и немате потреба од дополнителни апликации.
7. Ништо без заштита
Обавезно инсталирајте антивирус, ова ќе ве заштити од разни опасности на интернет. Доколку користите „Windows 10“ тој веќе доаѓа со инсталиран антивирус но не е на одмет и дополнителна заштита.
8. Држете го вашиот уред подалеку од оние на кои не им верувате
Доколку не сте сигурни во некоја особа дека ќе го користи вашиот лаптоп онака како што и вие го користите и се грижите за него, тогаш не го поверувајте. Исто така држете го вашиот уред подалеку од деца и домашни миленичиња.
9. Пазете го лаптопот од течности
Поливање со некаква течност е една од најчестите за завршување на работниот век на еден лаптоп . Доколку го полиете со вода, можеби и некако ќе го спасите, но доколку се работи за течност полна со шеќер, тогаш бидете сигурни дека е готово со вашиот лаптоп.
10. Внимавајте со што го чистите
Бришење на уредот со мокра крпа не е добра идеја, како и употреба на средства за чистење. Идеално е вашиот уред да го чистите со сува крпа без никакви течности.
Извор: B92.net
Поврзани артикли