По осум години пауза, HTC Wildfire брендот се врати и претставен е смартфонот Wildfire X за индискиот пазар.
Меѓутоа, ова веројатно не е оживување на брендот какво што многумина посакуваа. Пред се, не се работи баш за уред на HTC, бидејќи тајванскиот производител ја лиценцирал кинеската компанија InOne Smart Technology позната по производство на смартфонот под брендот Lav.
Исто така, се работи за уред од понизок сегмент, а флегшип модел на HTC од славните денови на оваа компанија. Поседува MediaTek Helio P22 процесор, батерија од 3.300 mAh, до 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Доби 6,22-инчен екран со резолуција 720p и три задни камери, односно сензори од 12, 8 и 5 мегапиксели.
Цената изнесува околу 140 долари за моделот со 3 GB RAM и 64 GB простор за складирање, односно околу 180 долари за 4 GB RAM и 128 GB интерна меморија. Продажбата почнува на 22. август.