Научници открија фосил од папагал кој пред 19 милиони години живеел на денешен Нов Зеланд и достигал височина од еден метар.
Поради неговата величина, палеонтолозите ова праисториско суштество го нарекле „хераклес инекспектатус“, во чест на древниот митолошки херој Херкул (Херакле).
– Нов Зеланд е надалеку познат по огромните птици – од видот моа, гуски, орли. Но, досега никој не открил олку голем папагал, изјави проф. Тревор Ворти од Флиндерс универзитетот во Сиднеј, Австралија.
Папагалскиот фосил е најден близу некогашниот рударски град Сент Батан во средишниот дел на Нов Зеланд.
Тежината на птицата се проценува дека била околу седум килограми. Имала долг клун и се претпоставува дека била месојадец.