Кинескиот технолошки гигант Huawei го претстави оперативниот систем HarmonyOS, откако Google потврди дека кинеската компанија повеќе нема да може да го користи Андроид, заради ограничувањата наметнати од американските власти.
Шефот за бизнис одделот на Huawei, Ричард Ју, изјави дека се надева оти новиот оперативен систем ќе „донесе повеќе хармонија во светот“.
Ју истакна дека Huawei сака да го користи Андроид, но дека може уште веднаш да се префрли на HarmonyOS (на кинески ХонгМенг) доколку го изгуби пристапот до американски софтвер.
Основачот на Huawei, Рен Женгфеи, претходно изјави дека новиот оперативен систем ќе биде универзален, ќе може да се користи на различни уреди и да биде побрз од Android за 60 проценти, пренесува Спутник.
Првите уреди што ќе го користат новиот оперативен систем ќе бидат претставени утре, а ова меѓу нив ќе биде и телевизорот од макрата Honor. Huawei ќе воведе и паметни телефони со новиот софтвер подоцна во текот на годината.