Американскиот претседател Доналд Трамп оствари серија средби со извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, со кого разговараа за бизнисот на технолошкиот гигант. Дискусијата го опфати и односот помеѓу Google и нивните партнери во Кина. Разговорите беа позитивни, но Трамп потоа разговарал и со поранешен вработен во Google, кој му го сменил мислењето за компанијата, пишува Digital.bg
Инженерот за кој станува збор се вика Кевин Сернеки и во последните денови се појави во неколку водечки медиуми како Fox News и Wall Street Journal. Многумина го критикуваа за неговите изјави во врска со ставот на Google за чувствителни теми, вклучително и политиката и национализмот.
Американскиот претседател исто така му посвети внимание и во интервју со политичкиот коментатор Лу Дабс, упати интересно обвинение против компанијата, пренесува TheVerge.
Според Сернеки, Google е непријателски настроен кон американските конзервативци и ќе се обиде да и наштети на кандидатурата на Доналд Трамп за реизбор во 2020 година. Американскиот претседател ги опиша ваквите практики како „нелегални“ и додаде дека внимателно ќе го следи Google за да ги спречи овие намери. Компанијата ги негираше обвинувањата, но тоа не е првпат таа да се најде на мета на критиките од страна на Трамп.