Apple до 2021 планира да лансира нов систем Touch ID со сензор за отпечатоци, кој се наоѓа под дисплејот до 2021 година, пишува Digital.bg
Технологијата ќе биде во синхронизација со системот за препознавање лице на Apple, и со овие два чекори, безбедноста на уредот ќе биде на највисоко ниво, пишува The Verge.
Сензорите за отпечатоци неодамна се појавија на пазарот, прво на Vivo X20 Plus UD претходно оваа година. Apple работи на својот модел за внатрешен Touch ID систем од 2017 година, но сè уште не е имплементиран во ниту еден од уредите на американскиот технолошки гигант.
Според експертите, некои од основните тешкотии на внатрешните сензори за отпечатоци, како што се високата потрошувачка на енергија, производителите на технологија ќе ги надминат до 2021 година. Apple веројатно ќе користи ултразвучно решение за откривање на отпечатоци, исто како што тоа го прави Qualcomm.
Поврзани артикли