Kingston Digital Europe Co. LLP започна со испорака на A2000 NVMeTM PCIe SSD. Тоа е едностран М.2 drive, од линијата на пристапни, потрошувачки NVMe PCIe SSD од следната генерација, кои користат 3D NAND.
A2000 NVMe PCIe SSD нуди ефикасни перформанси, пониска потрошувачка на енергија и пониска цена, што го прави совршено решение за складирање за корисници на ултрабук и лаптоп.
Овој SSD е прифатливо решение за складирање и со импресивни брзини за читање и запишување до 2200 MB/s и 2000 MB/s, обезбедувајќи трипати повеќе од перформансите на SATA SSD. A2000 е диск со end-to-end заштита и користи 256-битна AES хардверска енкрипција. Има вградена поддршка за eDrive – спецификација за безбедносно складирање доколку се користи со BitLocker.
Kingston A2000 NVMe PCIe SSD, е достапен во капацитет од 250GB, 500GB и 1TB, а поддржан е со петгодишна гаранција и бесплатна техничка поддршка.
Поврзани артикли