Од Google е побарано да ја прекине практиката нивните вработени рачно да слушаат аудио снимки што се користат за обука на AI во Google Assistant. Ваквите снимки се прават за да се подобри прецизноста на услугата при препознавање на различните гласови на корисниците.

Привремената забрана ја наметнаа германските власти, но се однесува на територијата на сите земји-членки на ЕУ. Времетраењето на забраната е три месеци, пренесува Business Insider.

Специфична причина за истрагата е случај со холандски медиуми кои објавија протечени аудио снимки од рецензенти на трети лица. На овој начин, публикацијата сакаше да и покаже на јавноста дека некои корисници на Google Assistant се снимани без нивно знаење, преку уредите што ги користат.

Употребата на автоматски говорни асистенти од Google, Apple и Amazon претставува сериозен ризик за личните податоци, порачуваат холандските медиуми.