MediaTek вчера го објави својот гејминг чипсет Helio G90, заедно со варијантата Helio G90T. Еден од луѓето што присуствуваше на овој настан беше Лу Ваибинг, извршен директор на брендот Redmi. По претставувањето на чипсетот, тој потврди на веб-страницата Weibo дека телефонот Redmi ќе пристигне со чипсет Helio G90T и ќе биде достапен на глобално ниво.
Иако не знаеме ништо за уредот, некои спецификации може да се заклучат врз основа на карактеристиките на чипсетот. Helio G90T користи кластер од два Cortex-A76 и шест Cortex-A55 јадра, заедно со графичкиот процесорот Mali-G76. Целосниот систем беше создаден во 12nm FinFET процес. Вкупната брзина оди до 2,05GHz, а G90T ќе поддржува до 10 GB RAM меморија.
Со оглед на тоа што MediaTek го објави чипсетот како гејминг платформа, се очекува Redmi да го претстави гејмерскиот телефон.