Американската администрација соопшти дека Федералната комисија за трговија (FTC) ќе побара од Facebook да плати пет милијарди долари поради нарушувањето на приватноста на своите корисници.
Според Washington Post, казната предвидува и надзорни мерки и одредени ограничувања во работењето на компанијата. Bo одлуката на FTC, извршниот директор на компанијата, Марк Цукерберг се смета само за делумно одговорен за ваквиот развој на настаните. Американскиот весник истакнува дека ова е досега најголемата казна што досега што ја наметнала FTC.
„Во спогодбата постигната од Facebook и Федералната комисија за трговија на САД, извршниот директор Марк Цукерберг вети дека лично ќе гарантира дека неговата компанија ќе ги почитува своите програми за приватност“, се вели во текстот, додавајќи дека FTC исто така дополнително се заканил со кривични пријави и други казни во во случај на лажни гаранции од страна на компанијата