Apple официјално ги објави своите квартални финансиски резултати, за периодот кој заврши во јуни. Компанијата повторно успеа да изненади во позитивна насока и ги надмина очекувањата на аналитичарите. Според официјалните податоци, Apple пријавил приход од 53,8 милијарди долари и дивиденда на секоја акција од 2,19 долари. Објавувањето на вестите автоматски ја зголеми нивната вредност за 4%.
Во исто време, постојат силни индикации дека растот на компанијата забавува секој квартал, пренесува TechCrunch. Резултатите за последниот квартал всушност претставуваат пораст од само 1% во однос на истиот период пред една година. Овој тренд може да стане сериозен проблем за компанијата. Од категориите на производи, најголем пад е забележан кај продажбата на iPhone моделите.
Компанијата остварила продажба од 26 милијарди долари во периодот април-јуни, што е намалување за 12% во однос на истиот период пред една година. Сепак, добрите перформанси на другите оддели на Apple, како што се „Wearables“ и „Home & Other“, го компензираат падот на пазарот на паметни телефони. Во областа на паметните часовници, Apple продолжува да биде доминантен фактор, со продажба од 5,5 милијарди долари квартално.