Huawei прави свои процесори за паметни телефони, но исто така се снабдува и со сличен хардвер од други компании како Qualcomm и MediaTek. Сепак, нивната стратегија е постепено да ја намалуваат зависноста од другите производители, пренесува Digital.bg
Ова е причината зошто компанијата планира во 60% од нивните паметни телефони да користат процесор од HiSilicon SOC серијата во втората половина на 2019 година. За споредба, оваа бројка изнесуваше 45% во првите шест месеци од годината.
Истовремено, во втората половина на 2018 година, бројот на паметни телефони што работат со процесори Huawei не надмина 40%. Според ова, бројките ја прикажуваат тенденцијата на компанијата да се фокусира повеќе на нејзините дизајни на сметка на конкурентските чипови од Qualcomm и MediaTek. О
Од една страна, ова создава поголема флексибилност во деловниот модел на Huawei во индустријата, а од друга страна, ги зголемува приходите. Според ваквиот развој, во 2019 околу 150 милиони паметни телефони ќе имаат Kirin процесори.