Познато е дека Samsung Galaxy Note 10 ќе биде претставен на Unpacked настанот на 7. август во Њујорк, но постојат информации дека наскоро светлото на денот ќе го здогледа и новиот паметен часовник на јужнокорејската компанија.
Фотографиите од новиот Galaxy Watch Active 2 се појавија на интернет, а се работи за наследник на минатогодишната верзија која се појави во март. Ќе има рамка околу екранот осетлива на допир, која ќе овозможи лесна навигација низ менито. Се очекува дека ќе поддржува EKG следење на работата на срцето.
Претходно се појавија спецификации за Galaxy Watch Active 2, кои укажуваат на 1.2-инчен Super AMOLED екран на моделот од 44mm и 1,4-инчен Super AMOLED екран на поголемиот модел од 44mm. Двата екрана се заштитени со Gorilla Glass DX+ заштита, а имаат резолуција 360 x 360p.
Паметните часови ги покренува Exynos 9110 чипсет, а ќе имаат 768MB RAM на Bluetooth варијантата и 1.5MB RAM на LTE варијантата. Моделот од 40mm има 247mAh батерија, додека 44mm модел ќе има 340mAh батерија.
Samsung наводно планира да го претстави часовникот заедно со Galaxy Note 10.
Поврзани артикли