Со растењето на популарноста на мобилната апликација на Фејсбук, Цукерберг и екипата одлучија да лансираат посебна апликација за комуникација – Messenger.
Речиси и да нема ден кога на својот паметен телефон не сте ја користеле апликацијата Messenger, но овие пет работи за апликацијата за комуникација на најголемата социјална мрежа на светот, веројатно не сте ги знаеле.
За да го користите Messenger, не ви е потребен профил на Фејсбук
Доколку имате телефонски број, Messenger можете да го користите и без да го поврзете со социјалната мрежа. Се што треба да направите е да ја симнете апликацијата и при првите поставки да изберете „Не сум на Фејсбук“.
На пријателите можете да им ја испратите вашата локација
Како да им кажете на вашите пријатели каде точно се наоѓате во некој непознат град? Многу едноставно. Кликнете на разговорот, изберете ја иконата „Повеќе“ и потоа изберете „Локација“.
Messenger може да се користи и на веб
Дали сте знаеле дека постои посебна интернет страница за Messenger? За да ја користите, само посетете го messenger.com.
На секој пријател можете да му додадете прекар
На Messenger секој ваш пријател може да има прекар. За да го промените името, отворете го разговорот со вашиот пријател и кликнете во горниот десен агол. Потоа изберете Nicknames и додадете го прекарот на вашиот пријател.
Истакнете ги најважните групни разговори
Ако сакате одредена група да ја „залепите“ на самиот врв од листата, тогаш одберете Groups и најпрвин означете ја посакуваната група, а потоа изберете ја опцијата Pin.
Поврзани артикли