Додека продажбата на Samsung Galaxy Fold постојано се одложува поради технички проблеми, на пазарот веќе постои телефон со флексибилен екран, за кој малку луѓе слушнале.
Во прашање е уред на фирмата Royole, наречен FlexPai. Телефонот се преклопува логично на средина, и тоа на страната на која се наоѓа екранот, што би можело да биде потенцијално поголема опасност за оштетување.
Покрај тоа, екранот не изгледа премногу квалитетно и има многу нерамнини, што на секој корисник на мобилен телефон ќе му пречи. Во принцип, повеќе делува како преклопен таблет, отколку на мобилен телефон.
Со цена во САД од 1.300 долари, малкумина ќе се одлучат да го купат, единствено ако сакаат да ја имаат оваа работа во колекцијата, како технологија која се уште е во развој.
Извор: Srbija Danas