Кога основачот на една христијанска ветеранска група се обидел да испрати реклама на „Јутјуб за својата организација, барањето му било одниено, а бил и информиран дека клучниот збор ‘христијански’ веќе не е прифатлив според политиката за рекламирање на страницата, пренесува РТ.
Чад Робишо, основач на фондацијата „Мајти оукс“, добротворна група која им помага на ветераните да ја надминат траумата од војната, објави на Твитер принтскрин со детали за неговата комуникација со техниот гигант.
„Значи еден од клучните зборови за рекламата беше зборот ‘христијански’, што ние го користиме редовно. Рекламата беше одбиена токму поради употребата на зборот “христијански. Првпат ни се случува ова”, изјави Робишо.
Неколку часа по постот на Робишо, „Јутјуб“ се обиде да ја објасни ситуацијата.
„Знаеме дека религиозните верувања се лични, па затоа не им дозволуваме на оние што се рекламираат да ги таргетираат корисниците врз основа на религијата. Покрај тоа, немаме политика против рекламирање што вклучува религиозни термини како ‘христијански’”, напиша на Твитер платформата во сопственост на „Гугл“.
Ветеранот им возвратил, тврдејќи дека изјавата на компанијата е очигледно неточна и дека тој го со години користел истиот клучен збор во претходните реклами без проблеми. Освен тоа, тврди тој, кога се обидел да ја испрати истата реклама, но со клучен збор “муслимански’, немало никаков проблем.
По разговорот со службата за помош на „Гугл“, на Робишо му било кажано дека политиката е нова. „Гугл“ допрва треба да коментира за ова прашање.