Директорот и основач на компанијата Tesla, Елон Маск, најави дека новиот електричен кросовер, Model Y, ќе биде револуција во производството, иако популарниот автомобилски произведувач се уште се бори со тоа неговиот Model 3 да го пронајде својот пат до потрошувачите.

 

Маск изјави дека Tesla допрва треба да вложува во Model Y, но и дека компанијата веќе платила во готовина за да се започнат првите чекори за дизајн на овој автомобил.

Меѓутоа, Маск вели дека при производството на овој модел сака да ги избегне проблемите кои моментално ги доживува со Model 3.

„Сметам дека Model Y ќе биде револуција во производството. Овој автомобил ќе биде неверојатен од гледиште на производството“, вели Маск.

Маск од порано изјави дека планира да користи 12-волтна батерија во возилата на Tesla, што би можело драматично да ја намали потребната енергија при возење на автомобилот, односно да го поедностави производниот процес.

Помалку жици значи повеќе автоматизација во производството, а Маск планира да воведе и поголем број на роботи кои ќе работат при произведувањето на автомобилите на Tesla.

Иако почнаа да кружат шпекулации дека производството на Model Y ќе започне оваа година, Маск открива дека тоа нема да се случи пред 2020 година.

Еден од најголемите проблеми при производството на Model Y е недостатокот на простор.

Фабриката на оваа компанија во Фримонт е веќе пополнета, така што се уште не е познато каде ќе се произведува Model Y.