iPhone XR е најпродаваниот паметен телефон на Apple во САД за третиот финансиски квартал и заедно со моделите од 2018 година, зазема не помалку од 67% од продажбите за истиот период, според податоциоте на CIRP.

Поточно, 48 проценти од продажбите на iPhone во кварталот отпаѓаат на iPhone XR, што значи дека најдостапниот модел од 2018. е подобро продаван од iPhone 8 Plus и iPhone X во овој период. iPhone XR е доминантен модел на iPhone, коментира Џош Ловиц, основач и управувачки партнер на CIRP.

„Неговиот удел од 48 отсто од кварталните продажби е највисокиот што досега сме го виделе за индивидуален модел – од iPhone 6 во 2015 година, кој го делеше водството со iPhone 6 Plus, при само два застарени модели, кои се нудат како алтернатива“.

Apple со голем успех наметна конкурентен модел на пазарот, со среден екран по големина и цена блиска до оние на водечките Android телефони, вели аналитичарот. CIRP исто така споделува податоци за продажбата на услугите на Apple.

Не е изненадувачки, но околу 48% од сопствениците на iPhone купиле дополнителен простор за складирање на iCloud.

Стандардно, услугата iCloud вклучува бесплатен простор од 5GB, но речиси половина од корисниците на iPhone во САД плаќаат за дополнителен простор за да ги снимаат своите податоци, фотографии и видеа.