Возачка дилема – дали се заштедува повеќе гориво со возење со отворени прозорци или со вклучена клима?
Според досегашните истражувања, возењето со клима кога температурите се високи, ја зголемува потрошувачката на гориво во автомобилот со четири лица за приближно пет проценти.
Клима или спуштен прозорец?
Користењето на климата ја зголемува потрошувачката на гориво, но спуштените прозорци го зголемуваат отпорот, па затоа моторот мора да работи понапорно, а со тоа и да троши повеќе гориво.
Експертите тестирале SUV и седан модел на две различни паеки, а тестот покажал дека за потрошувачката е подобро ако се возите со спуштени прозорци при брзина од 85 до 95 километри на час. При таа брзина, ефикасноста на потршувачката на горивото паѓа за 20 проценти, додека со користење на климата за 10 проценти.
Ако се возиш со помалку од 80 km/h, спуштените прозорци се поефикасни.
Со други зборови, кога сте во град, а температурите не се пеколни, подобро е да се вози со спуштените прозорци. Со таа брзина отпор е помал, а со тоа и моторот троши помалку.
Климатизацијата е подобра опција при возење со поголема брзина, а надвор е пеколно топло.
Извор: Додај Гас