Научниците кои го проучуваат Земјиното јадро, кое е клучно за заштита од опасни честички од вселената, тврдат дека откриле докази дека заедно со земјината обвивка разменуваат материјал.
Последиците од ова истражување засега научниците велат дека не им се јасни, но она на кое тие предупредуваат дека дека цврстиот дел од јадрото е одговорно за Земјината магнетосфера, која нè штити од опасните честички од вселената.
Причината за ваквиот проток на Земјиното јадро е непозната, како и последиците што би можеле да се случат по Земјиното магнетно поле. Јадрото се состои од железо и никел, злато и волфрам.
Може да достигне температура и до 5000 степени Целзиусови, а многумина веруваат дека е одговорно за 50% од вулканските активнисти кои се случуваат низ планетата.
Истражувачите од универзитетите во Франција, Канада, САД и Австралија откриле дека новите планини и карпи на Земјината површина содржат изотоп волфрам кој обично се наоѓа исклучиво во надворешната кора, но не и на друго место. Научниците заклучуваат дека материјалот на јадрото избил на површината.
Пред ова откритие научниците велат дека немале докази за чурење на јадрото. Последиците од ова истражување засега не се јасни. Научниците веруваат дека течниот дел од јадрото полека се зацврстува и дека оваа студија може да даде единствен увид и во еволуцијата на земјиното јадро и потеклото на нашата магнетосфера.