Откако имплементација на Micro LED екрани најавуваа од Bloomberg и интернет страницата Digitimes, сега пристигнуваат нови информации и тоа од тајванскиот Economic Daily News.
Се истакнува дека Apple има намера наместо OLED екрани во Apple Watch генерацијата, која ќе се појави во 2020. година да користи токму Micro LED дисплеи (годинашните Apple Watch модели и натаму ќе користат OLED екрани).
За тоа да се оствари, Apple наводно соработува со два тајвански производители. Предностите на вградување на Micro LED екрани би биле потенок и полесен Apple Watch, поголема автономија на часовникот и елиминација на несаканите ефекти како што е burn-in.
Тука се и додатните предности како што се посветли екрани, подобра верност на боите и побрзо освежување на екранот. За Apple предност ќе биде и намалување на зависноста од јужнокорејските производители на OLED екрани.