Август ќе биде многу битен месец за Samsung. На почетокот на месецот, компанијата ја очекува објавата на Galaxy Note 10 линијата телефони, а се подготвува и нова објава на Galaxy Fold флексибилниот модел. Најновите извештаи сугерираат дека Samsung е подготвен за објава на својот свитлив уред.
Според наводите на експертите и неименуваните инсајдерски извори, јужнокорејската компанија ја преработила шарката и дизајнот на екранот, а уредот е тестиран со одлични резултати. Пред објавата се очекуваат само уште некои завршни детали.
Се истакнува дека телефонот не се очекува во текот на јули, но дека објавата во август би можела да биде во план. Ова веројатно ќе се случи по Galaxy Note10 Unpacked настанот, закажан за 7. август во Њујорк.
Поврзани артикли