Околу Соломонските Острови, поморски биолози открија нов вид желки кои светат в мрак и имаат необична способност за биофлуоресценција, односно емитуваат светло во различни бои, како на пример, зелена и црвена.
Биофлоуресценцијата почна да се проучува само пред десетина година, а ова откритие е прво од ваков вид, истакнуваат научниците. Засега не се знае со сигурност зошто желките го имаат ова својство, но познато е дека други видови животни тоа го користат за меѓусебна комуникација и за камуфлажа, наведува „Соломон тајмс“.
Поморскиот биолог Александер Гаос вели дека коралите често имаат биофлуоресценција, па можно е желките да ја развиле оваа способност и за да се вклопат во околината.
Нареден чекор во проучувањето на другите нивни способности, е функцијата на очите на желките и дали со нив тие ја гледаат флуоресценцијата што другите ја емитуваат. Тимот биолози, исто така, ќе ја проучуваат и хемиската реакција во самата желка при произведувањето на таа светлина.
Ова уникатно откритие би можло да води кон откривања на други слични животни со непознати способности.
Поврзани артикли