Дизајнерот од Лос Анџелес, Јан Делука направи специјална луксузна верзија на AirPods слушалките. Тие претставуваат дел од неговата серија „NEW MATERIALISM“, која има за цел обединување на уметноста и комерцијалните производи. Серијата употребува стандардни производи, на кои им додава и луксузни материјали.
Споменатиот производ како база ги користи стандардните AirPods слушалки, кои се надградени со 1000 природни дијаманти. Ќе биде направена лимитирана серија, од вкупно 25 вакви слушалки, а поединечната цена изнесува 20.000 долари.
Потенцијалните купувачи можат да се обратат директно до дизајнерот преку неговиот Instagram профил и да ги резервираат слушалките пред да бидат пуштени во продажба.
Поврзани артикли