Памперс подготвува паметни пелени

Технологијата на паметни пелени е на самиот почеток, а еден од пионерите на ова поле е и популарниот производител Памперс. Компанијата објави соработка со Lumi системот, кој вклучува два сензора за пелени, Logitech камера која е поврзана со Wi-Fi baby monitor, и апликација која ги поврзува сите функции.

Pampers е свесен дека паметната пелена нема да биде доволна да ги задоволи сите потреби на корисниците и цели на областа која во иднина ќе се проширува, бидејќи Lumi системот е замислен така што на родителите им ја олеснува првата година со новороденчето, а со помош на големиот број податоци кои ги собира. Покрај тоа што сензорите ги известуваат родителите кога е време да се промени пелена, се собираат и податоци за ритамот на сонот на бебето, што како што тврдат многу родители е едно од најважните полиња.

Сензорите за да бидат функционални неопходно е да се набават оптимизирани Памперс пелени, бидејќи имаат поголеми ленти, кои покажуваат колку е влажна пелената. Тоа би можело да се покаже како проблематично, бидејќи другите технологии на паметни пелени нудат сензори кои можат да се прицврстат на било која пелена.

Експерите тврдат дека собирањето на податоци е од големо значење на новопечените родители и дека паметните пелени го олеснуваат овој процес, бидејчи рачното следење на активностите на бебето често е невозможна мисија. На тој начин се тврди дека паметните пелени можат да ги известат родителите за тоа кога бебето е болно, кога има проблеми со столицата, и кога е нервозно само затоа што расте. На пазарот веќе постојат голем број апликации кои нудат слични услуги, но физичките сензори го подигнуваат процесот на целосно ново ниво и нудат поголем број функции.