Педесеттата годишнина откако човекот ги направи првите чекори на Месечината е добра причина за прослава, и токму поради тоа NASA објавува стари материјали и фотографии, со цел на остатокот на светот да му подели досега непознати детали за мисијата Аполо.
Помеѓу материјалите се најдоа и неверојатни панорами, кои ги реставрирал експертот на фотографија за NASA, Ворен Харолд. На тој начин, јавноста добила пристап до деталите кои се снимени пред 50 години, а една од најинтересните е онаа која ја прикажува областа во која се спушти Apollo 17 – долината Таурус-Литроу, која експертите ја опишуваат како еден од најспектакулармите “прикази на природа во нашиот соларен систем”. Најголем проблем е небото без ѕвезди, кои некои теоретичари на завера би можело да ги инспирира повторно да извикаат “Измама”!, но експертите истакнуваат дека небото е намерно затемено, со цел акцентот да се стави на астронаутите, кои чекореле на месечевата површина.
Ова не е прв пат NASA да објави фотографии од површината на Месечината, но историскиот контекст на Аполо фотографиите на овие материјалуи им дава дополнителна димензија, и потсетува до каде може човекот да стигне.