Лаптопите полека, но сигурно ги заменуваат десктоп компјутерите, а во изобилството понуда на пазарот, можат да се најдат и вакви примероци.
Во прашање е уредот GPD P2 Max, за кого велат дека е најмалиот лаптоп на светот. Во принцип, направен е за деловните луѓе во движење, на кои им е потребно нешто поголемо од телефон или таблет, а поседува и тастатура. Екранот е со големина од 8,9 инчи, работи на Intel процесор од осмата генерација и има верзии од 8 до 16 GB RAM, како и 256 или 512 GB простор за складирање.
Цената изнесува 700 долари.