Додека 11-годишната Кајли Рамос си играла со својот iPhone 6, од телефонот почнале да се појавуваат искри.
Потоа, како што тврди, уредот експлодирал, па го фрлила на кревет. Девојчето од експлозијата се здобило со лесни изгореници, а запалениот телефон ја изгорел и прекривката на креветот.
После инцидентот, кој се случил во калифорнискиот град Бејкерсфилд, компанијата Apple покренала истрага, а од локалното претставништво ветиле дека на Кајли ќе ѝ испратат нов iPhone, рекла нејзината мајка Марија Адет за медиумите.
Од Apple се сомневаат дека причината за експлозијата би можела да биде прекумерно полнење на уредите или употреба на дополнителни производи кои не се нивни (кабел за полнење и/или полнач), како и одржување во неовластени сервиси.