Аналитичката куќа Gartner објави извештај во кој се предвидува дека во 2023. година, 51 проценти од продадените смартфони ќе бидат компатибилни со 5G технологијата. До овој заклучок се дошло по анализата која ги опфаќа плановите на мобилните оператори за имплементација на 5G инфраструктура и сервис во следните години.
Некои производители веќе понудија 5G уреди, но моментно нивниот процент е многу мал. Тие уреди ќе имаат удел од само 6 проценти во однос на вкупниот очекуван број на продадени телефони во 2020. година. Од друга страна, глобалниот пазар на мобилни телефони ќе биде во благ пад. До крајот на оваа година се очекува дека ќе бидат продадени вкупно 2,2 милијарди телефони, за следната година прогнозиран е пад од 3,3 одсто годишно.
Причина за тоа е што во следните години не се очекува никаков значаен напредок во новите функционалности кај смартфоните, а тоа е главниот продажен двигател во последните неколку години. Со други зборови, се очекува дека времето на употреба на купениот телефон во наредниот период ќе биде подолг отколку во сегашниот период.
Поврзани артикли