Организаторите на Consumer Electronic Show во Лас Вегас следната година ќе дозволат изложување и наградување на напредните технолошки секс играчки и помагала, пишува The Verge.
Секс играчките ќе можат да се презентираат во секцијата за здравје и велнес, а дозволата на организаторите засега се однесува само на следната година, по што ќе се процени дали се вклопуваат во споменатата категорија.
За да можат да бидат презентирани на CES, секси играчките мораат да бидат “иновативни и да вклучуваат нови технологии”, бидејќи организаторите “не сакаат да видат стандардни вибратори”.
Минатата година дојде до контроверзи, кога играчката на компанијата Lora DiCarlo беше наградена, по што наградата беше повлечена.
На CES ќе се промени и политиката на облекување за да се спречи одредени компании со оскудно облечени модели да ги привлекуваат посетителите на своите штандови. Оние кои ќе ги кршат правилата ќе бидат казнети со губење на ранкинг и ќе ги губат добрите позиции на штандовите,.
Порнографијата на CES и натаму е забранета.
Поврзани артикли