Ноќеска не очекува делумно затемнување на Месечината

Делумно затемнување на Месечината ќе може да се набљудува ноќеска во поголемиот дел од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

Доколку дозволат временските услови на љубителите на овој природен феномен им се препорачува да погледнат кон небото и да уживаат во несекојдневната глетка.

Затемнувањето настанува кога природниот сателит влегува во сенката на Земјата и кога Земјата се наоѓа токму помеѓу Месечината и Сонцето.

Месечевите затемнувања се поретки од сончевите, но поради големината на сенката на Земјата, тие секогаш може да се видат на речиси целата полутопка каде што е ноќ.

Затемнувањето на Месечината е безопасно и може да се гледа со голо око, двоглед или помал телескоп.За време на затемнувањето, околу 65 проценти од дискот на Месечината ќе биде затемнет.