Виртуелната реалност им помага на постарите луѓе во Јапонија да патуваат низ светот

Патувајќи од каналите на Венеција до мостот „Голден гејт“ во Сан Франциско, група постари луѓе во Јапонија го шетаат светот без да станат од своите фотелји.

Сето тоа е можно благодарение на виртуелната реалност и на тимот од Универзитетот во Токио предводен од Кента Тошима.

Како терапевт Тошима патувал низ целиот свет и снимал видеа од 360 степени за да им ги покаже на своите постари пациенти. Неговата цел е да им помогне да најдат радост и мотивација во животот користејќи технологија на виртуела реалност. Со помош на неа оние што не се во можност да патуваат, ќе може да ја задоволат својата потреба за патување и откривање нови дестинации.