За видео и фото професионалците, на кои им е потребна најпрецизна репродукција на бои, компанијата BenQ претстави нов 27-инчен монитор, под името PhotoVue SW270C.
Мониторот нуди “само” 2K резолуција, а не 4K, која веројатно многу корисници повеќе би ја посакувале, но затоа пристигнува по цена од 800 долари и спаѓа меѓу најдостапните монитори за професионалците, кои се достапни на пазарот.
Според наводите на компанијата BenQ, PhotoVue SW270C нуди до 99% AdobeRGB покриеност на бои, Color Uniformity Technology, редизајниран Hotkey Puck, 97% DCI-P3 покриеност на бои, како и поддршка за изворна каденца.
Од приклучоците присутен е USB-C порт, кој е можно да се користи за поврзување на лаптоп и истовремено да го полни. Тука се и стандардните приклучоци, како што се HDMI 2.0 портови, DisplayPort и два USB 3.1 приклучока, како и вграден читач на SD картички.
Поврзани артикли