Air France тестира систем за препознавање на лицата на патниците

Air France-KLM сака да ги отстрани од употреба класичните билети за патување. Наместо нив, овој францускиот авиопревозник планира да користи систем за препознавање лица на патници. Тестирањето на новиот систем ќе се спроведе на два аеродроми – John F Kenedi International Airport (JFK) во Њујорк и George Bush International Airport (IAH) во Хјустон.

Се очекува дека на овој начин дневно ќе се чекираат околу 2.200 патници, а ако се оди според планот, Air France-KLM планира во текот на следната година да го прошири користење на сите аеродроми во САД.

Првата компанија која тестира биометриски boarding е JetBlue, која тоа го започна во 2017 година. Исто така, на сличен систем работи и British Airways во Велика Британија и Quantas во Австралија. Delta ја тестира употребата на отпечаток од прст за идентификација наместо boarding картa, додека Dubai International Airport веќе gi скенира лицата на сите патници додека минуваат низ тунелот во кој се наоѓаат 80 камери за препознавање на лица и зеници во око.

Додека авиокомпаниите планираат boarding картите да ги заменат со технологија за препознавање лице, постојат многу сомнежи и загрижености во врска со тоа. Најголемата загриженост дека во моментов не постои доволно јасна правна и законска регулатива со која се уредува оваа област, а страшно е и дека системите за препознавање на лица се уште не се доволно сигурни (имаат релативно висок процент на грешки).

Извор: PC Press.rs