Првиот човек на европскиот филијала на FCA, Пјетро Горлијер, најави инвестиција во фабриката Мирафјори во Торино, каде што ќе се произведуваат 80.000 електрични 500-ки на годишно ниво.
Производството на новoиот 500 EV ќе започне во вториот квартал од 2020 година, со можност за подоцнежно проширување на капацитетот.
Моделот 500 е еден од најпознатите модели на Fiat, лансиран во доцните 50-ти години, и воедно симбол на италијанскиот урбан дизајн.
Инвестицијата е дел од планот објавен минатата година, што подразбира инвестиција од 5 милијарди евра во италијанското производство до 2021 година.
Новиот 500 EV ќе биде првиот Fiat со погон на батерии кој ќе се продава во Европа, а информации за други пазари, освен САД и Кина, нема.
Меѓу другото, Горлијер вели дека Fiat се надева на годишна продажба од 80.000 единици од 500 EV.
„Многу работи ќе зависат од брзината на развојот на побарувачката за електрични возила“, вели тој.
Новиот 500 EV е инициран, дизајниран и инженерски осмислен во Мирафијори
FCA е во процес на намалување на бројот на моделите на Fiat во Европа, а гамата ќе се заснова на линијата на електрифицираните 500 и Panda.