Користејќи вештачка интелигенција, една од новите алатки на Instagram ќе препознаат потенцијално злоставувачка објава и ќе ве предупредат за да ви дадат време за размислување и премислување.

Од Instagram смислија нови начини за борбата против злоставувањето на корисниците. Една од нив е опцијата Restrict која функционира слично како опцијата Mute на другите социјални мрежи.

Имено, ако опцијата “Restrict” ја употреби, на пример „Корисникот А“, за да го ограничи „Корисникот Б“, тоа значи дека коментарите на „Корисникот Б“ на објавите на „Корисникот А“ повеќе нема да бидат видливи освен за „Корисникот Б“. Исто така, „Корисникот Б“ повеќе нема да може да види дали „Корисникот А“ ги прочитал неговите пораки и дали е онлајн, а нема ниту да знае дали „Корисникот А“ го ставил на листата со “Restrict”.

Накратко, тоа е помалку драстичен облик на блокирање – ја намалува можноста за интеракција со вас и јавно коментирање на вашите објави, а притоа воопшто не мора да го избришете.

Втората алатка користи вештачка интелигенција за откривање на потенцијално спорни коментари и го предупредува авторот на тоа пред да ги објави, со цел да му даде шанса да размисли дали тоа навистина сака да го објави.

Повеќе детали можете да пронајдете на официјалниот блог на Instagram.

Извор: Tportal.hr