Екранот на Huawei Mate 30 Pro ќе биде позакривен од претходно

Екранот на претстојниот смартфон на Huawei, Mate 30 Pro ќе има позакривени страни, но нивниот облик донекаде ќе биде единствен. Се појави фотографија која прикажува дека закривувањето на страниците ќе биде речиси 90 страници, што е многу повеќе отколку кај телефоните кои моментно се на пазарот.

OLED екранот би требало да има дијагонала од 6,71 инчи, а со вака заоблен дисплеј нема многу место за копчиња од страна.

Инсајдерските извори од синџирот на снабдување на Huawei сугерираат дека компанијата експериментира со стаклен, едноделен дизајн, кој ќе ги спои закривувањата на предниот и задниот стаклен панел. Доколку тоа се обистини, активниот дисплеј би можел да опфаќа само дел од закривувањето.

Во секој случај, видливо е дека екранот има голем засек, а @IceUniverse објави и силуета на notch-ot.