Microsoft го објави Windows 10 preview за Fast ring Insider, кој на корисниците им ја овозможува опцијата на сите сметки на одреден уред во оперативниот систем да се логираат без лозинки. Во подесувањата (во секцијата Accounts -> Sign-in options) потребно е да се подеси слајдерот и лозинките воопшто нема да работат.
Корисникот ќе мора да го употреби Windows Hello за препознавање на лицето, детекција на отпечаток од прст, PIN код или физички сигурносен клуч за отклучување на оперативниот систем.
Функцијата е достапна единствено на мал број кориснички компјутери во овој момент и ќе биде потребно одредено време за да ја видат сите инсајдери. Со оглед на тао дека се работи за Fast ring, можат да се очекуваат багови и поситни проблеми.
Новиот Windows 10 preview пристигнува со уште некои функции. Your Phone екранот се работи со повеќе Surface уреди (Surface Pro 6 и Surface лаптоп 2), можно е брзо да се креираат календар настани од таскбар и друго.