Примените податоци потврдуваат дека вселенската сонда Hayabusa успешно се спуштила на далечен астероид.
Јапонското вселенско летало изврши историска мисија на собирање на длабочински примероци, а научниците се надеваат дека ќе добијат информации за потеклото на Сончевиот систем, соопшти денеска јапонската вселенка агенција.
Hayabusa 2 во април за себе направи кратер за слетување, со испуштање на ударен елемент од бакар. Леталото сега се спушти во кратер и собра примероци од длабочината на астероидот, во кои, како што се надеваат научниците, ќе има вредни податоци.
Hayabusa 2 е првата вселенска сонда која успешно собра длабочински примероци од еден астероид, а слична мисија планира и Американската вселенска агенција NASA на друг астероид.
Јапонската агенција за вселенски истражувања наведе дека е потврдено слетувањето на сондата. Во финалниот чекор лебдела 30 метри над астероидот додека не го пронашла претходно направениот кратер.
Сондата би требало да се врати кон Земјата кон крајот на идната година и да ги донесе насобраните примероци.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли