Популарната услуга за стриминг на музика, Spotify се шири и на големите пазари кои се карактеризираат со ниски приходи на населението и слаба пенетрација на Интернет.
За таа цел, компанијата ја објави апликацијата Spotify Lite за уреди базирани на Android.
Новата апликација која се истакнува со лесен формат, ќе биде достапна во Азија, Латинска Америка, Африка и на Блискиот Исток, објави Си-Ен-Ен.
Апликацијата е наменета за корисници со слаба Интернет конекција или стар модел на паметен телефон без многу меморија.
Spotify Lite е само 10 MB и ќе биде лесна за преземање и може да се користи независно од стандардната апликација за бесплатно слушање музика и претплата.
Шведската компанија ја пушта „лајт“ верзијата на апликацијата во 36 земји, вклучувајќи ги Бразил, Мексико, Египет, Саудиска Арабија и Индија.
Поврзани артикли