Русија има намера да го прошири својот воен арсенал со дронови, кои ќе бидат опремени со бомби.
Руското министерство за одбрана најави дека дека ќе ја опреми војската со дронови, меѓу кои ќе бидат и оние кои ќе бидат опремени со бомби. Моментно се во фаза на развој на минијатурна бомба, а овој потег е резултат на искуствата во Сирија, каде што терористичлката група IDIL проба да ја нападне руската база со комерцијални дронови, модифицирани да носат експлозив.
Засега не се објавени рокови, ни технички детали за вооружените дронови, а некои се скептични кога се работи за руските планови. Руската програма на хиперсонични проектили не се развива онака како што се очекуваше, но дроновите дефинитивно имаат многу поголема шанса за успех.
Ефикасноста на дроновите е под знак прашање, можат да се движат брзи, но не се носат добро со прецизните стрелци или технологијата против дронови. Би биле ефикасни во пределите каде што е тешко да се предвидат, како што се тесните градски улици или внатрешноста на објектот.
Без оглед што ќе се случи со рускиот план, јасно е дека роботиката во иднина ќе игра се поголема улога на бојното поле.
Поврзани артикли