Берн Гомберт е одговорен за дизајнот и развојот на механички делови кои се користат во роботиката. Една од најинтересните примени е кодот на високоосетливи роботски раце кои се користат за време на операција.

Ова им овозможува на хирурзите по пат на сензори да управуваат со роботски раце, со што се постигнува прецизност и поголема ефикасност во однос на досегашните медицински методи.

Берн исто така е заслужен за механички дизајн на деловите за првиот робот во свемирот, а во својата биографија има повеќе од 180 интернационални патенти и голем број на престижни награди за иновации и допринос за технолошки развој.

“Разликата помеѓу вештачката интелигенција, дигиталниот и аналогниот, како и природниот свет констатно се менува и дискусијата за тоа ќе продолжи во наредните 100 години”.

“Луѓето сметаат дека времето за имплементирање на деловите на машината во нашите тела ќе биде во далечна иднина, која нема да пристигне наскоро. Меѓутоа, веќе сега ги имаме првите примери за тоа. Доколку имате проблеми со слухот, употребувате слушен апарат кој Ви помогнува за подобро слушање. Тоа е примена на интеграцијата на човекот и машината. Следниот чекор е ново око, рака или срце”, вели Берн.

Неговите досегашни пронајдоци се засноваат на идејата дека технологијата треба да биде поинтелигентна како човекот и дека инженерите треба да се придржуваат до овој принцип за време на развојот на новите технологии.

Извор: Telegraf.rs