Можеби слетувањето на Месечината беше „мал чекор за човекот“, но за астронаутот кој ја изговори оваа позната реченица враќањето дома било огромен товар и му донело маки за кои не размислил претходно.
Нил Армстронг избегнуваше појавување во јавноста и се што доаѓа со славата, а детали од неговиот живот открива новата книга на неговиот син Марк.
Тој вели дека неговиот татко добивал илјадници писма, иако воопшто не ја сакал славата, а другиот син, Ерик додава дека Ник воопшто не се гледал себеси како американски херој.
Happy to have hosted a Q&A with James R. Hansen, author of First Man, a biography of Neil Armstrong (you may remember the fantastic movie released last year) as part of the Royal Astronomical Society of Canada’s General Assembly. #rascga2019 @rasc #Apollo50 pic.twitter.com/g5BOaSw5Hh
— Nicole Mortillaro (@NebulousNikki) June 16, 2019
Слично говори и Џејмс Хенсен, автор на биографијата на Армстронг: „Никогаш не сум запознал човек како Нил. Тој не беше егоист и не сакаше да заработи од тоа што го направи. Неговата тогашна сопруга Џенет, не забележуваше никакви промени. За неа тој беше истиот Нил кој се врати од Месечината“.
Неколку седмици после историската мисија на Месечината во 1969-та година, тројцата астронаути, Нил Армстронг, Мајкл Колинс и Баз Олдрин беа испратени на турнеја од 38 дена. Тие патуваа во многу земји, од Мексико па се до Југославија. Ги виделе околу 100 милиони луѓе и уживале голема слава.
Сепак, за разлика од Олдрин кој ја прифатил славата, Нил не сакал да се промени. Тој се обидувал да живее обичен живот, затоа што стравувал за животите на неговите синови Марк и Ерик, поучен од искуството на колегата пилот Чарлс Линдберг – човекот кој прв го прелета Атлантикот.
Имено, синот на Линдберг стар 20 месеци, бил киднапиран и за него бил побаран откуп од 50 илјади долари. Откако откупот бил платен, неговото дете било вратено мртво. Таа несреќна приказна започнала да го оптоварува Армстронг.
„Мојот татко бегаше од славата затоа што не сакаше мене и на мојот брат да ни се случи тоа што му се случи на синот на Чарлс Линдберг“, раскажува неговиот син Марк.
Набрзо и односите со неговата сопруга Џенет се влошувале, затоа што Нил одбивал да говори за болните теми. Хенсен вели дека е изненаден од тоа што нивниот брак траел толку долго. Тие се развеле во 1994-та година после 38 години заедно. Армстронг потоа повторно се оженил, но и натаму продолжил да им посветува многу внимание на неговите синови.
Нил Армстронг почина во 2012-та година на 82-годишна возраст.
Извор: Kurir.rs