Изгледа дека Apple планира да се дистанцира од матичната плоча во L облик, кога е во прашање дизајнот на овој елемент за претстојниот iPhone XI и се враќа на стандардната, правоаголна форма.
Доказ за ова се новите фотографии на матичната плоча за претстојниот iPhone, а кои пристигнуваа од неколку различни извори.
Моделите iPhone X/XS имаа логична плоча во L облик, која доведе тоа тоа и обликот на батеријата да биде како буквата L. Преминот на правоаголен облик на матичната плоча би можел да означи дека батериите на iPhone XI и XI Max моделите ќе бидат поголеми.
Од дизајнот на PCB не можат да се извлечат никакви дополнителни информации за карактеристиките на претстојната iPhone линија, а останува прашањето на избор на портот како едно од најбитните.