Покрај Samsung и Huawei кои долго време работат на флексибилни смартфони (и Royole кој веќе го претстави), на оваа група производители се приклучува и Sony. Сепак, наместо телефон, Sony развива таблет и тоа не преклопен, туку ротирачки.
Имајќи предвид дека во последно време на овој производител не му цветаат розе на полето на мобилни телефони, претпоставуваме дека Sony подготвува ротирачки таблет во обид да ги врати своите претходни позиции.
Според информациите кои дојдоа во јавноста, Sony развива таблет со т.н. “Nautilus Design” екран, кој ќе може целосно да се “склопи” во ролна кога не се користи. Засега нема многу други информации за таблетот, освен што ќе се базира на чипсетот Qualcomm Snapdragon 855 со X50 модем. Батеријата ќе има 3230 mAh, а на располагање ќе биде и камера со 10x зум.
Според истиот извор, почетокот на продажбата на овој таблет се очекува во декември оваа година или во јануари следната година.
Извор: PC Press.rs
Поврзани артикли