Galaxy S10 серијата на Samsung се продава подобро од S9 генерацијата, според наводите на истражувачката компанија Counterpoint Research. Вкупно се продадени 16 милиони Galaxy S10 уреди во периодот март-мај, што е за 12 проценти повеќе во однос на S9 генерацијата од истиот период минатата година.
Интересно е дека Samsung Galaxy S10+ е најпопуларен модел и сочинува 42 процента од вкупната продажба. Го следат Galaxy S10 со 32% и Galaxy S10e со 22 проценти.
Counterpoint Research во својата анализа изгледа не го вклучи Galaxy S10 5G моделот, за кој се верува дека е продаден во барем милион примероци од месец април (ова е продажен резултат само за пазарот на Јужна Кореја).
Успехот на Galaxy S10 серијата на Samsung му овозможи да го подобри својот пазарен удел и компанијата сега контролира 25 проценти од пазарот, со зголемување од три проценти во однос на минатата година.
Поврзани артикли